Билал Касами од ВЛЕН, по лидерската средба во Клубот на пратениците, изјави дека коалицијата ја поддржува идејата за укинување на техничката (Пржинска) влада. Тој нагласи дека ВЛЕН би прифатиле укинување веднаш само ако сите партии се согласат, а во спротивно предлогот е техничката влада да се укине по следните редовни парламентарни избори.
Во однос на Изборниот законик, Касами истакна дека ВЛЕН бараат дијаспората да има поголема можност за гласање, разгледуваат опции за отворени листи и дискутирале за можното уредување на изборните единици, но конечен став сè уште не е дефиниран.
„Доколку се согласиме сите партии, техничката влада може веднаш да се укине. Ако нема согласност, изборите ќе се одржат со техничката влада, а по нив таа да се укине“, објасни Касами, додавајќи дека зборот за конечните одлуки ќе го имаат следните редовни парламентарни избори.