„Safe City“ доби 81 гласови: Собранието ги усвои измените, еве кој беше против

News

„Safe City“ доби зелено светло: Собранието ги усвои измените, ДУИ и СДСМ против

Со убедливо мнозинство, Собранието на Северна Македонија ги усвои измените на Законот за прекршоци, со што се отвора патот за целосна имплементација на системот „Safe City“.

За законските измени гласаа 81 пратеник, додека 19 беа против. Предлогот беше разгледан и усвоен по скратена постапка, при што пратениците од ДУИ и СДСМ не ја поддржаа иницијативата, а останатите парламентарни партии гласаа „за“.

Со стапувањето во сила на измените, системот „Safe City“ ќе започне со работа во првите градови опфатени со проектот, каде прекршоците во сообраќајот ќе се санкционираат автоматски преку дигиталниот систем. Надлежните институции најавуваат дека во наредниот период проектот ќе се прошири и на целата територија на државата.

Воведувањето на „Safe City“ има за цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, намалување на прекршоците и подобрување на дисциплината кај возачите, а властите очекуваат системот значително да придонесе за поголема јавна безбедност.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *