ТРЕТИОТ МОБИЛЕН ОПЕРАТОР „ОНЕ“: Еве кога стартува и што носи новата 5G мрежа!

News

Во првите три месеци од 2027 година, третиот мобилен оператор „Оне Македонија“ официјално ќе почне со работа во земјава, потврди Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), која денеска ја додели лиценцата за работа.

Од АЕК истакнаа дека новиот оператор ќе донесе поголем квалитет и поширока понуда на пазарот, одговарајќи на забелешките дека досега во земјава постоеле само два мобилни оператора. „Оне Македонија“ ќе има сопствена 5G мрежа, што ќе овозможи побрз интернет и подобрена покриеност за корисниците.

Претставниците на „Оне Македонија“ најавија инвестиции до 100 милиони евра во изградба и развој на мрежата, вклучително инфраструктура, отворање нови работни места, обуки и долгорочна соработка со домашни ИКТ-компании.

Со овој чекор се очекува пазарот на мобилни услуги во Македонија да стане поконкурентен, а корисниците да добијат подобри услови и нови технологии.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *