Храброста и добрината победија: Момците кои го извлекоа Светиот крст ја донираа наградата на семејство во Крива Паланка!

News

Момците кои годинава учествуваа во извлекување на Светиот крст од водите на Крива Река решија да ја донираат наградата на деветчлено семејство Димитровски од Крива Паланка, кое има најголема потреба од поддршка.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, истакна дека овој гест е вистинска израз на вера, храброст, човечност и солидарност.

„Гордо можам да кажам дека во нашата општина имаме млади луѓе кои нè потсетуваат дека добрината, грижата за другиот и заедништвото се најголемите вредности на едно здраво општество“, објави градоначалникот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *