По синоќешната акција, полицијата и денес тресе објекти за марихуана – познато што е пронајдено досега!

News

Претреси се вршат и денеска на неколку локации, поврзани со истрагата за петте тони марихуана запленета минатата недела во Србија, за која српските власти тврдат дека влегла од Македонија, дознава Телма.

Како што пишува Телма, се постапува по наредба на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција кое ја води истагата.

Инаку, претреси поврзани со истата истрага имало и вчера, а се проверуваат објекти на фирми кои одгледувале марихуана за медицински цели.

Во една од фирмите, според информациите на Телма биле пронајдени неправилности во работењето. Марихуаната незаконски се одгледувала, складирала, чувала и транспортирала. Станува збор за поголеми количества на дрога од запленетата во нашиот северен сосед.

Според досегашните информации од српските власти, марихуаната во Србија влегла од Македонија, а во јавноста беше објавено дека еден од приведените е косопственик во скопската компанија „Алфафарм“, регистрирана за одгледување канабис за медицински цели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *