Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтер во Германија

news
Advertisement

Жителите на Тибинген во германската провинција Баден-Виртемберг рано утринава ги разбуди земјотрес, кој беше почувствуван и во Австрија и Швајцарија.

Advertisement

Земјотресот се случил утрово во 6 часот и 13 минути и бил со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот се уште не е прецизно утврден, јавуваат германските медиуми.

Додека швајцарските власти тврдат дека тој се наоѓал во близина на Албштат, германските власти наведуваат дека се наоѓал во близина на Хехинген.

Засега нема извештаи за штети, но како што истакнуваат германските власти, тие се можни само во помала мера со таа јачина.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.