Вистинска драма се одвива во Пакистан. Во тек е спасувањето на осум лица кои останаа да висат заробени во жичарница над долина на северозапад од земјата. Според Би-Би-Си, меѓу осумте лица има шест деца.
Децата оделе на училиште кога им пукналa една од сајлите и останале да висат на 274 метри над земјата. Спасувачите се на терен, а децата се обидуваат да ги спасат и воени хеликоптери. Во моментов нема информации колку е успешно спасувањето.
Би-Би-Си јавува дека осум патници биле заробени повеќе од четири часа пред да пристигне воен спасувачки хеликоптер. Инцидентот се случил околу 7 часот по локално време.
„За волја на Бога, помогнете ни“, изјави Гулфраз, човек заглавен во жичарницата, за пакистанскиот ТВ канал Geo News по телефон. Тој потврди дека се вкупно осум лица.