Advertisement
На 23.08.2023 околу 19.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Н.Г.(18) од Кочани.
Advertisement
Тој се сомничи дека околу 14.40 часот во својот дом со остар предмет нападнал и повредил 15-годишник од Кочани, а според неговото кажување, тоа го направил поради расправија за девојка.
Малолетникот бил пренесен во Општа болница Кочани каде му била укажана лекарска помош.
Н.Г. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Advertisement