ЕСКОБАР УТРЕ ЌЕ СЕ ВИДИ СО КОВАЧЕВСКИ И СО МИЦКОСКИ Шефот на државата му беше првата станица

news
Advertisement

Доаѓањето на заменик-помошникот државен секретар на САД попладнево во Скопје следува по започнувањето на собраниската процедура за усвојување на уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот како услов земјава да ја одржи втората меѓувладина седница и да ги продолжи преговорите со Европската Унија.

Advertisement

Заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар попладнево, со средба со претседателот Стево Пендаровски, ја почна дводневната посета на државава.

Според најавите, во тек на престојот во Скопје Ескобар утре треба да се сретне со премиерот Димитар Ковачевски, како и со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Доаѓањето на Ескобар во Скопје следува по започнувањето на собраниската процедура за усвојување на уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот како услов земјава да ја одржи втората меѓувладина седница и да ги продолжи преговорите со Европската Унија.

Од Кабинетот на Пендаровски соопштија дека на средбата со Ескобар била потврдена поддршката на САД за европските аспирации на нашата земја и било изразено очекување од официјален Вашингтон дека Северна Македонија ќе го продолжи патот кон полноправно членство во Европската Унија.

„Претседателот Пендаровски ја истакна важноста на поддршката којашто САД ја даваат за остварување на стратешките цели на нашата држава. Во таа насока, на средбата се разговараше за следните чекори коишто треба да ги преземе Северна Македонија со цел да напредува во ЕУ интегративниот процес. На средбата стана збор и за состојбите во поширокиот регион, во контекст на руската агресија врз Украина“, се наведува во кусото соопштение.

Високиот американски дипломат во дебата за Западен Балкан во Конгресот на САД, одржана во текот на јули годинава, изјави дека САД силно го поддржуваат процесот на уставните измени и се ангажирани со новата влада во Софија да осигураат дека нема да поставува нови барања на европскиот пат на земјава.

– За да ги унапреди своите аспирации за ЕУ, Владата на Северна Македонија е посветена да се спроведат уставни измени за признавање на бугарското малцинство. Силно го поддржуваме овој тежок, но неопходен чекор, а исто така сме ангажирани со новата влада на Бугарија за да се осигураме дека нема да поставува нови барања откако Северна Македонија ќе ги исполни своите обврски од постоечките договори – рече Ескобар на дебатата во Конгресот на која го презентираше извештајот за ангажманот на САД на Балканот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.