Д-р Вело Марковски ќе се кандидира за претседател на Македонија

news
Advertisement

Д-р Вело Марковски денеска до медиуми испрати покана за средба во четврток каде ќе ја објави, како што пишува во поканата, својата намера за поднесување на своја кандидатура на претстојните претседателски избори.

Advertisement

Во поканата уште се наведува дека во таа функција ќе промовира и своја веб-страница.

Други информации не се споделени како тие дали веќе разговарал за партиско – политичка поддршка, ниту зошто решил самостојно да ја најави својата намера да учествува на изборите за шеф на македонската држава.

Марковски беше чест гостин на медиумите особено во време на ковид пандемијата кога привлече внимание со своите различни погледи за оваа заразна болест, како и за методите за изолација и карантин, но и за самиот третман на лекување на пациентите.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *