Најавата за вработување на нови лица на ГАК исклучиво од албанска националност не ги остави гаѓаните, ниту пак, докторите без коментар.
По многубројните критики, деновиве се јави и доктор Нико Беќаровски, кој секако, покрај стручнсота, во јавноста е познат и по критиките, од кои не се воздржува и секогаш укажува кога има големи пропусти, или грешки во мерките на институциите.
Последно пред почетокот на оваа 2024 година, Беќаровски со ироничен став околу вработувањата исклучиво по национална основа, за што веќе многумина посочија дека не треба во медицината да се бираат лица по национална припадност, туку исклучиво по знање и стручност.
– Офталмолошката ординација „ПРИ ЗДРАВИ ОЧИ СЛЕП” распишува конкурс за вработување на 4 очни лекари, од кои еден со сини и три со кафени очи.
„Тежината” на мозокот и „вештината” на рацете не се важни, ако кандидатите немаат соодветна боја на очите.
Кандидатите со зелени и црни очи ќе бидат дисквалификувани, ако не стават леќи со соодветна боја – напиша Беќаровски.
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid0m94HQurzuBXayQmY6MH5VMVcNyGr4VE7DNM2vURghKVMBDohmsZGGRUTK1UUZm17l&id=1637636807&mibextid=Nif5oz
Неговиот пост очекувано предизвика лавина од коментари: