Jавен повик за учество во програмата Поддршка за самовработување (Претприемништво) – здружување на корисници во ДОО
Се повикуваат сите невработени лица кои имаат завршено најмалку средно образование и кои се:
•млади лица до 29 години
•мажи до 60 години и жени до 58 години
•жени-жртви на родово базирано насилство и жртви на семејно насилство
•лица кои сакаат да го формализираат својот бизнис
•Роми,
да се пријават во работните клубови на центрите за вработување на АВРСМ со цел аплицирање за учество во програмата Поддршка за самовработување (Претприемништво) – здружување на корисници во ДОО.
Неповратната финансиска помош за основање правен субјект од два содружника како ДОО изнесува до 738.000,00 денари, при што секој од содружниците ќе има еднаков (50%) удел во друштвото.
Целиот оглас можете да го прочитате на https://av.gov.mk/oglasi-za-aktivni-merki.nspx
ℹ️ За сите дополнителни прашања ве очекуваме во центрите за вработување, секој работен ден од 08:00 – 14:00 часот.
#шансазасите2024

Агенција за вработување на РСМ , јавен повик за учество во програмата Поддршка за самовработување
Advertisement
Advertisement
Advertisement