




Видео кое стана вирално на социалните мрежи и неколку големи светски медии, го прикажува моментот кога мажот ја губи контролата кога сфаќа дека неговата сопруга отишла во салонот за ондуломи и без два пати размислување почнува безмилосно да ја уд ира во присуство на други жени.
Ова ненонрмално однесување врз жените не престана во Туркменистан, земја која некогаш беше дел од Советскиот Сојуз
Дури и како што пренесува Дејли Мејл, мажите во оваа земја можат да бидат казнети доколку нивните сопруги прават козметички третмани во разни козметички салони.
Владата на оваа земја значително ја зголеми контролата врз правата на жените откако новиот претседател Сердар Бердимухамедов дојде на власт во март оваа година – и според меѓународните набљудувачи тие не беа слободни и фер.
Според невладините организации, Туркменистан е опишан како земја која страда од корупција и постојано има повици за поголема транспарентност.
Во април, полицијата уапси десетици жени на улица кои носеа екстензии на нокти и трепки и други додатоци.
Тие дури постојано ги бараат оние жени кои имаат надуени усни и други козметички интервенции