Advertisement
Advertisement
Откако го освои второто место на „Ѕвездите на Гранд“ оваа година, и заврши со ангажманите изминатиот период, Мики Секуловски замина на заслужен одмор. Тој одлучи дел од слободното време да го помине со своето семејство и секако, најмладиот член, внукот кој го доби од брат му Влатко.
Иако пејачот ретко споделува фотографии од приватниот живот, овој па направи исклучок, и го покажа осуммесечниот внук на јавноста. Дека среќата е заемна говори нивната насмевка.
– На чиче бумбарчето, напиша пејачот под објавата.
Инаку, пред да одлучи повторно да се врати на музичката кариера, Мики работеше и живееше со семејството во Белгија, а денес, секое слободно време го користи да ги посети и да помине време со нив.
Фото:Facebook
Advertisement