Како изгледа Првиот Џентлмен на Македонија: Љубовта на животот на претседателката Давкова

Како изгледа Првиот Џентлмен на Македонија: Љубовта на животот на претседателката Давкова

news
Advertisement

Како изгледа Првиот Џентлмен на Македонија: Љубовта на животот на претседателката Давкова

Advertisement

Првиот регистриран случај на редовно именување на лице со „прва дама“ е Хариет Лејн, поврзана со 15-тиот претседател на САД, Џејмс Бјукенен, но како внука, бидејќи тој бил доживотен ерген. 

Но, малку е тешко во нашиов случај кога претседател е жена. Како се нарекува тогаш сопругот? Нема конечна дефиниција, но од она што може да се заклучи дека терминолошли тој е „Прв ЏЕНТЛМЕН“, што влече корени од англиската тадиција, а е прифатен од повеќето земји.

Нашиот Прв Џентлмен се вика Благоја Давков. Тој е сопруг на претседателката Гордана Силјановска- Давкова. Над 35 години се во брак, имаат две деца, Mарија и Павле. Благоја е пензиониран правник, а и децата се правници.

Во едно интервју, претседателката откри дека со својот сопруг се запознала тогаш кога била во врска со друг маж

,, Јас бев трета година гимназија, тој исто така. Се сретнавме на некоја забава, предновогодишна. Јас не бев сама, бев со мојот дечко. Тој на излегување му кажал: Јас ќе и се додворувам на девојката. После подолго време, се сретнавме, па ме покани на друга забава и тоа прерасна во долга врска…”

Advertisement