Силен земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа во близина на главниот град на Вануату, Порт Вила, оштетувајќи згради и друга инфраструктура. Според податоците на Американскиот геолошки институт (USGS) земјотресот се случил во 12:47 часот по локално време на длабочина од 10 километри. Земјотресот накратко предизвика предупредување за цунами за делови од островската држава на Тихиот Океан, но официјалните лица во 14:14 часот по локално време известија дека заканата поминала. Се уште не е познат бројот на жртвите. Снимките на социјалните мрежи покажуваат урнати згради, автомобили погодени од паднати панели и мебел расфрлан по катови во домовите. Американската амбасада во Порт Вила е меѓу зградите кои претрпеле оштетувања, според фотографиите објавени на интернет, пишува Би-би-си. Мајкл Томпсон директор на Vanuatu Jungle Zipline Adventure, рече дека комуникациите во областа биле „навистина лоши“ и дека поставил мрежа Starlink во близина на неговиот дом за јавноста да може да пристапи на интернет. „Има многу урнати згради низ градот. Во тек е голема спасувачка операција за извлекување на луѓето кои можеби се уште се живи под урнатините“, рече тој во видеото објавено на Фејсбук.

СРУШЕНИ СЕ ЗГРАДИ, ИМА ЖРТВИ: Силен земјотрес со јачина од 7.4 степени по Рихтер го погоди Вануату
Advertisement
Advertisement
Advertisement