Родените во понеделник се емотивни и под силно влијание на Месечината
Астрологијата и нумерологијата се едни од најпопуларните алатки за дешифрирање на карактерот на една личност. Датумот и времето на раѓање се основа на двете науки.
Луѓето веруваат дека денот во неделата кога сте родени влијае и на вашиот карактер и живот.
Еве ги квалитетите што им се припишуваат на различните денови:
понеделник
Родените во понеделник се емотивни и под силно влијание на Месечината. Ним им е потребна стабилност, која ја црпат од семејството и саканите.
вторник
Овој ден е под влијание на Марс – планетата на војната. Родените тогаш се силни, намерни и имаат насилен темперамент, но знаат да бидат нервозни.
среда
Среда е поврзана со Меркур, кој дава интелигенција, елоквентност и љубопитност. Овие луѓе сакаат предизвици и постојано се во движење.
nextpage
четврток
Со четвртиот ден во неделата владее Јупитер, четврток е денот на оптимистите и слободољубивите. Родените тогаш се независни, со добра смисла за хумор и желба за проширување.
петок
Петок е денот на Венера – планетата на убавината и љубовта. Родените на овој ден се уметнички, сензуални и романтични, често со идеалистички поглед на светот, пишува женатаблиц.
сабота
Родените во сабота се под влијание на Сатурн. Практични се, разумни и зрели, но тешко ги прифаќаат промените. Тие имаат тенденција да планираат и размислуваат долгорочно.
недела
Неделата, со која владее Сонцето, се смета за среќен ден. Родение во недела се харизматични, весели и често многу успешни во животот, иако не сакаат да ги следат правилата.
Секој ден носи свои уникатни карактеристики кои го обликуваат карактерот и судбината на родените под негово влијание.
Фото: freepik