Авионот од Базел за Скопје кружи и не може да слета

news
Advertisement

Авионот кој полета од Базел кон Скопје вечерва кружи над скопскиот аеродром „Меѓународен аеродром Скопје“, бидејќи поради екстремно намалената видливост не може да изврши слетување.

Advertisement

Според последниот METAR извештај од аеродромот, хоризонталната видливост е сведена на само 300 метри, додека вертикалната видливост е ограничена на 100 стапки поради густа магла.

Доколку маглата не се разреди во краток временски период, постои можност авионот да биде пренасочен кон друг аеродром во соседството.

Слични временски услови го отежнаа и воздушниот сообраќај во претходните денови, кога неколку авиони беа пренасочени кон соседните аеродроми. Патниците кои се наоѓаат во авионот се информирани за состојбата.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *