„Ја прогласувам зимската сезона во април за отворена!“ – напиша кратко и јасно познатиот шоумен Бојан Јовановски, кој во јавноста е познат како Боки13.
Тој отсекогаш ја следел модата и знаел како да ги комбинира модните парчиња, а и покрај сите перипетии кои го следеа последните години тој остана достоен на едно нешто – неговиот стил.
Овој пат на социјалните мрежи Боки се испромовира од глава до пети во јакна, чизми, очила и чанта од брендот Баленсијага.
Сè што носи на себе е бренд и кај него нема модна грешка. Сè е врвно.
Облечен во црна зимска јакна која чини безмалку 3700 долари, чизми од 250 долари, очила кои се 545 долари и чанта која чини дури 4500 евра , некогашниот водител покажа дека елеганцијата како форма и манир се секогаш погодок, особено доколку со соодветни бои и додатоци се прилагодани на стилот на поединецот!
Р.Ж.М