Премиерот на Црна Гора во технички мандат Дритан Абазовиќ, синоќа бил евакуиран од концертот на Дино Мерлин . Полицијата неофицијално тврди дека тој не бил нападнат, туку дошло до конфликт меѓу некои лица, кога покрај нив во тој момент поминувал Абазовиќ.
– Многумина помислија дека Абазовиќ е мета на напад затоа што човекот кој претходно го направи инцидентот почнал да го вреѓа Абазовиќ со пцости додека беше апсен и насилно ставен во полициската марица, велат од црногорската полиција.
Имаше туркање од неколку лица, а Абазовиќ во тој момент се движеше кон излезот“, неофицијално велат од полицијата за ЦдМ.
Полицијата соопшти и дека за време на интервенцијата биле ангажирани околу 20 полицајци“, изјавија за ЦдМ очевидци на настанот.
Концертот на Дино Мериин се одржа синоќа во дискотеката Топ Хил во Будва.