„Ало 194, се гушиме“ – Скопје под смог: Итната помош преполна, лекарите со алармантна порака

News

Екстремното загадување на воздухот во Скопје не е само статистика – тоа е реална здравствена криза. Линијата 194 е под опсада, а најчесто во паника се јавуваат хронично болни, астматичари и лица со респираторни проблеми.

„Ова не важи само за хронично болните, туку и за здравите луѓе, а најмалку за децата“, предупредуваат докторите.

Совети за преживување во густ смог:

  • Бегство на планина: Искористете викенди и слободни денови да заминете на повисоки места.

  • Останете дома: Движењето надвор сведете го на минимум.

  • Заштита: Доколку излегувате, носете заштитна маска N95/KN95.

По два последователни дена надминат праг на алармирање, надлежните ги активираа итните мерки и препораки.

Препораки за работодавците:

  • Ослабување од работни обврски за бремени жени, лица постари од 60 години и граѓани со хронична астма или по срцев/мозочен удар.

  • За работници на отворено, препорака е работното време да се реорганизира помеѓу 11:00 и 17:00 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *