Идејата за закопано богатство и негово пронаоѓање е широко распространета меѓу луѓето ширум светот. И додека некои само фантазираат да го најдат, други брзаат да најдат злато, а некои за жал ги губат животите во таков процес.
Таква судбина доживеа пензионер од Ипатинга, Бразил по име Жоа Пимента де Силва (71), кој опседнат со идејата за богатство, паднал во дупка од 40 метри што претходно ја ископал под подот во кујната – откако сонувал дека тaa е под закопано злато.
Трагедијата што доведе до смрт се случи на 5 јануари.
Еден „дух“ го известил за закопаното богатство
Соседите велат дека пензионерот бил опседнат со идејата дека златото е закопано длабоко под неговиот имот во општината Ипатинга во бразилската држава Минас, до кој се обидувал да стигне.
„Жоао помина повеќе од една година копајќи ја дупката и ангажираше многу луѓе да работат на ископувањето. Започна со плаќање 70 бразилски реали (околу 12 евра) на ден кога дупката беше сè уште плитка, но колку подлабоко одеше толку повеќе трошоцитебеа поголеми. На крајот платил околу 92 евра на секој што ќе влезе во дупката и помогнал да се отстрани почвата“, изјави неговиот братучед Арналдо да Силва за локалните медиуми.
Соседот рече дека Жоао тврдел дека „дух“ му рекол во сон дека има злато длабоко под каменот во неговата кујна. Меѓутоа, иако се обидел да го предупреди за опасноста од неговата мисија, несреќниот човек го игнорирал.