Вработен во банка си ја „пумпал“ личната сметка

News

Банкар си ги „пумпал“ кредитните лимити: Службеник заработил над 650 илјади денари

Службеник во банка во Битола е осомничен дека ја злоупотребил својата службена позиција и неовластено ги зголемувал кредитните лимити, со што за себе и за членови на своето семејство прибавил незаконска имотна корист од над 650.000 денари, соопшти полицијата.

СВР Битола поднесе кривична пријава против 35-годишниот М.С. од Прилеп, кој работел како службено лице во банкарска институција во Битола. Според наодите од истрагата, осомничениот во повеќе наврати без соодветно одобрение ги зголемувал лимитите на својата кредитна картичка, вклучително и т.н. специјален лимит, а истовремено го зголемил и лимитот на кредитната картичка на својата сопруга.

Покрај тоа, полицијата наведува дека осомничениот извршил и незаконско зголемување на личниот имот, како и на имотот на својата сопруга и мајка, со што за себе и за своето семејство обезбедил вкупна материјална корист од 657.400 денари.

Случајот е процесуиран до надлежното јавно обвинителство, а против осомничениот ќе се води постапка за злоупотреба на службената положба и овластување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *