ДРАМА ВО ГРЦИЈА УТРОВО: Маж качен на тераса се заканува дека ќе го разнесе блокот со плинска боца (ФОТО)

ДРАМА ВО ГРЦИЈА УТРОВО: Маж качен на тераса се заканува дека ќе го разнесе блокот со плинска боца (ФОТО)

news
Advertisement

Advertisement

Вистинска драма се одвива утрово на грчкиот остров Сирос, каде лице излегло на балкон од зграда до Министерството за рурален развој на улицата Ахарнон, јавуваат грчките медиуми. Според информациите, мажот вели дека има ножеви и плинска боца со себе и наводно се заканува дека ќе го разнесе блокот. Според првичните информации, мажот е со сириско потекло и според информациите кои ги пренесуваат грчките медиуми е корисник на дрога. Тој се заканувал дека ќе се фрли од балконот. „Поради ситуацијата ни беше кажано да ја евакуираме зградата на Министерството за рурален развој“, изјави претседателот на работниците во министерството според кој е евакуирана и зградата во која се наоѓа човекот. Поради дејствување на надлежните, сообраќајната полиција го прекина сообраќајот на улицата Ахарнон на делницата од Марнис до Стурнари.

Advertisement