Вчера во вечерните часови, полициски службеници од СВР Струмица и ОВР Валандово извршија претреси во неколку домови во валандовско, при што беа лишени од слобода четворица лица: С.Ј.(22) и Г.Т.(29) од село Пирава, како и К.М.(47) и Б.М.(23) од село Јосифово.
При претресите беа пронајдени околу два килограми марихуана и хашиш, пакувања со семки од канабис и предмети со остатоци од дрога. Лицата биле затекнати во момент на мерење и пакување на марихуана.
По документирање на случајот, против сите четворица ќе биде поднесена кривична пријава, а јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија е запознаен со случајот.



