Додека повеќето од нас не можат да ги замислат утрината без мирисот на свежо кафе, сѐ поголем број здравствено освестени луѓе започнуваат поинаку – со утрински пијалоци кои го „будат” телото по природен пат.
Овие напитoци го подготвуваат дигестивниот систем, го хидрираат организмот и помагаат за подобра апсорпција на нутриенти – сѐ тоа, пред првото еспресо.
Лимон вода – класика со причина
Најчесто спомнуван пијалок меѓу нутриционистите. Една чаша млака вода со свежо цеден лимон го алкализира телото, ја поттикнува детоксикацијата и го зајакнува имунитетот.
Unsplash
Јаболков оцет и вода – пробиотски пехар
Иако не секому му се допаѓа вкусот, комбинацијата од една лажица јаболков оцет во чаша вода придонесува за балансирана цревна флора, подобро варење и контролирање на апетитот.
Unsplash
Златно млеко – антиинфламаторен еликсир
Направено од растително млеко, куркума, црн бибер и малку мед – оваа вековна ајурведска формулација го намалува воспалението и дава чувство на топлина и утеха на телото.
Unsplash
Смути од зелени растенија – витаминска експлозија
Оние што немаат проблем со апетит веднаш по будењето, избираат зелен смути: спанаќ, краставица, ѓумбир, лимон, јаболка или банана – полн со витамини, минерали и растителни влакна.
Unsplash
Чаша топла вода – наједноставен ритуал со најмногу придобивки
Понекогаш, само млака вода на празен стомак е доволна за да се активира метаболизмот, да се поттикне циркулацијата и да се елиминираат токсините.
Unsplash
Истражувањата покажуваат дека овие навики, кога се практикуваат редовно, имаат долгорочен позитивен ефект врз енергијата, расположението и општото здравје. Па следниот пат кога ќе посегнете по шолја кафе – прашајте се: дали можеби има подобар пијалок за добар почеток?