Фокус
Кривичниот суд ќе има вонредна контрола по барањето на Боки-13
од Fokus 23.02.2023
Судскиот совет ќе постапува по претставката од Бојан Јовановски, по однос на обвинувањата дека Кривичниот суд има донесено фалсификувано решение со кое се одбива неговото барање да за прекин на казна поради влошено здравје.
„Ве известуваме дека по поднесената претставка од страна на Бојан Јовановски до Судскиот совет на РСМ, односно Барање за формирање на комисија за спроведување на вонреден надзор и контрола во врска со постапувањето на Основниот кривичен суд Скопје по предметот ПК бр.18/22, денеска до бранителот мр. Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, пристигна известување дека истата ВЕДНАШ е земена во работа и дека се постапува по нејзините наводи. Ја поздравуваме ажурноста и итноста при постапувањето од страна на Судскиот совет и за секое дополнително правно прашање во врска со оваа правна ситуација бранителот мр. Владимир Туфегџиќ“, посочува правниот тим на Бојан Јовановски.