Во Летонија се шири еден невообичаен феномен: поради недостиг на мажи, сè повеќе жени „изнајмуваат сопрузи“ на час за да им завршат домашни работи.
Овој тренд го огледува изразениот родов јаз во земјата – жените се повеќе од мажите за околу 15,5%. Според демографите, разликата најмногу се гледа кај жените над 65 години, кои се двојно побројни од мажите на иста возраст.
Главни причини се пократкиот животен век кај мажите, поврзан со нездрави навики и начин на живот.
Како одговор на недостатокот на партнер кој би помогнал околу дома, многу жени почнале да користат услуги од типот „маж на час“.
Преку платформи како Komanda24 и Remontdarbi.lv, за мала сума мажи доаѓаат да помогнат со домашни задачи – поправки, носење, монтажа и слично.
Психолозите и социолозите велат дека овој феномен покажува колку се менува социјалната структура и како жените ја организираат секојдневницата: традиционалната улога на мажот како „домашен потпор“ се претвора во услуга што едноставно ја плаќаш – кога и колку ти треба.