Марија Шерифовиќ покажа како до донела син ѝ од САД во Србија: Најстресен ден во животот(ВИДЕО)

news
Advertisement

Српската пејачка Марија Шерифовиќ неодамна се пофали дека добила син.

Advertisement

Малиот Марио е роден од сурогат мајка во САД. Шерифовиќ пред неколку дена се врати во Србија, а сега објави како поминало патувањето од Лос Анџелес до Белград.

Како што објави на својот Јутјуб канал, Марија пред патувањето била многу нервозна бидејќи патувала со мало дете. Но, нејзина поддршка била нејзината мајка, која била со неа некое време во Лос Анџелес. „Ова е можеби најстресниот ден во мојот живот“, изјави во еден момент Шерифовиќ. Но, судејќи според она што го објавила, летот за Минхен поминал добро.

„Малиот Марио за прв пат во животот се вози во прва класа. И јас исто така!“ изјави пејачката, а потоа им покажа на своите обожаватели каква услуга добива во првата класа. Таа отишла во салон, потоа била една од првите што се качиле на летот, а во авионот ја пречека удобно седиште, како за неа, така и за нејзината мајка.

Но, Марија во еден момент рече дека ќе даде сè за топол леб, паштета, јогурт, а можеби и бурек. Како што открила, малиот Марио добро го издржал летот, јадел неколку пати и спиел, но таа навистина не успеала да се одмори.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *