Advertisement
Advertisement
Се породи инфлуенсерката Христина Пан
Христина Младенов, заедно со сопругот Петар добија уште едно девојче, кое доби уникатно име.
Оваа мајка првата рожба ја доби со помош на Инвитро оплодување, откако им беше кажано дека нема да можат да имаат деца, и роди две близначки, преслатките Хана и Тара.
Храбрата Христина денес ужива во прегратките на бебето Калија, која се роди на 22 јануари, на Клиниката за гинекологија и акушерство.
Таа е силна мајка и борец, бидејќи едната од нејзините првородени близначки Тара се бори со болеста Neuroblastoma Metastasticum.
Пред нејзините ќерки Тара и Хана да наполнат една година, таа во јавноста откри дека едното од бебињата е болно и почнало да прима хемотерапија.
Фото: инстаграм
Advertisement