Пејачката Весна Џогани побрза да се пофали на социјалните мрежи дека морала да го купи парфемот на дивата Јелена Карлеуша. А откако го мириснала ги сподели и нејзините впечатоци за најновиот производ кој го лансираше ЈК.
Имено, таа истакна дека Карлеуша секогаш убаво мирисала, па затоа морала да го купи нејзиниот производ бидејќи била љубопитна.
– Немаше да бидам јас да не одев и да не го купев ова. Знам дека Јелена мириса многу убаво кога и да имав прилика да ја сретнам. Кога и да се сретнеме некаде, да се најдеме или да разминеме, таа секогаш мирисаше силно и убаво, а јас тоа го сакам – рече Весна, а потоа признала дека и се допаѓа парфемот:
– Отидов до продавница и веднаш го зедов, ќерка ми рече дека е добар. Го помирисав, па ајде да го пробаме. Женствен е, само да знаете. Буквално, многу женствен – рече Џогани.
Фото: Инстаграм/Youtube – screenshoot