Четириесетгодишен скопјанец кој издржувал затворска казна во Казнено-поправната установа – Затвор Штип, вчера бил пронајден починат во својата соба, информираат од СВР Штип при МВР.
Случајот бил пријавен од затворската управа во 10:35 часот. На лице место пристигнала екипа на Итната медицинска помош, а лекар констатирал смрт и утврдил дека на телото нема видливи траги на насилство.
„Вчера во 10:35 часот во СВР Штип од КПУ – Затвор Штип е пријавено дека во соба во установата е пронајден починат осуденикот В.М. (40) од Скопје“, се вели во полицискиот извештај.
По насоки на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта.