По завршувањето на пандемијата на вирусот корона:Многу помал број американски тинејџери имаат секс
Американско истражување покажа дека во првата година по завршувањето на пандемирата на вирусот корона многу помалку средношколци имаат интимни односи.
Бројот на ученици во средните училишта кои стапуваат во сексуални односи постепено се намалувал со појавата на пандемијата.
Истражувањето кое се спроведува на секои две години, покажа дека пред триесет години половината од учениците тврделе дека имале секс.
Тој број до 2019 година изнесувал 38 отсто, во 2021 година е забележан најголем пад во анкета што покажала дека30 отсто од средношколците имаат односи.
Истражувањето исто така утврдило дека бројот на средношколци кои се изјаснуваат сека се „стрејт“ опаднал за 89 отсто од 2015 година на 75 отсто.
Бројот на оние кои се изјаснуваат дека се геј, лезбијки или бисексуални пораснал за осум отсто во 2015 година на 15 отсто.