На повторените локални избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше до 11 часот гласале 3.553 избирачи, односно 3,32 проценти од вкупно 128.286 запишани гласачи на 215 избирачки места, информира Државната изборна комисија (ДИК).
Според податоците, највисока излезност има во Маврово и Ростуше, каде своето право на глас го искористиле 624 гласачи, односно 5,90 проценти од вкупниот број запишани избирачи.
Во Гостивар гласале 1.937 лица (3,14%), во Врапчиште 834 лица (3,02%), а во Центар Жупа 168 гласачи (2,22%).
Во споредба со изборите од 19 октомври 2025 година до истиот час, излезноста е зголемена само во Врапчиште за 0,48 процентни поени, додека во другите општини е намалена: Гостивар за 1,96, Центар Жупа за 2,61 и Маврово и Ростуше за 5,82 процентни поени.
ДИК информира дека следат и понатамошниот тек на изборниот процес.