Поранешната сопруга на Борис Бекер на 49 години го покажа бруталното тело: Предизвика земјотрес со насловната страна за Плејбој -ФОТО-

Поранешната сопруга на Борис Бекер на 49 години го покажа бруталното тело: Предизвика земјотрес со насловната страна за Плејбој -ФОТО-

news
Advertisement

Поранешната сопруга на Борис Бекер на 49 години го покажа бруталното тело: Предизвика земјотрес со насловната страна за Плејбој -ФОТО-

Advertisement

Лили Бекер… Ако презимето ви звучи познато, во право сте – има врски, и тоа многу блиски, со познатиот германски тенисер. Родена е во Ротердам пред 49 години, од кои девет години поминала во брак со голем шампион чие презиме го задржала, се занимавала со манекенство и во меѓувреме станала популарна ТВ личност, а сега повторно е во центарот на вниманието бидејќи направила смел и прилично провокативен чекор.

Борис Бекер, чиј бурен приватен живот и љубовни преплетувања ја забавуваа јавноста повеќе од неговите успеси во „белиот спорт“, едвај чека повторно да стане татко. Но, и неговата поранешна сопруга е во центарот на вниманието овие денови. Лили Бекер позираше за германското издание на култното списание „Плејбој“, а октомвриското издание со нејзиното насмеано лице наскоро ќе се најде на киосците. Нема сомнение дека ќе биде зграпчено за кратко време.

„Храбар потег на таа возраст“, ​​„Суперинтелигентна и убава жена со одлично чувство за хумор“, „Секси и елегантна“… Коментарите се излеваат од сите страни, а објавата на Инстаграм заработи илјадници лајкови за неколку часа. Како и нема, кога главната ѕвезда осамна во црн, заводлив комбинезон од чипка, чии прерамки сензуално се спуштаат од рамената за да го откријат деколтето и да застанат токму таму каде што треба.

Прекрасната холандска манекенка и модел е родена како Чарли Керсенберг во Ротердам пред 49 години. Нејзиниот татко е Германец, а нејзината мајка е по потекло од Суринам. Таа го запознала Бекер во 2008 година, во клуб во Монте Карло. Се венчале во јули следната година, а неколку месеци подоцна го добиле синот Амадеус.

Сепак, среќата не траела долго – бракот се распаднал во 2018 година. Не бил добар тајминг, открила Лили во едно интервју, бидејќи приближно во исто време познатиот тенисер се соочил со финансиски проблеми, поради што банкротирал и завршил во затвор.

Лили и Амадеус, кои долго време живееле во Лондон, неодамна се преселиле во Германија. По горчливиот развод, темпераментната Холанѓанка решила да ги земе работите во свои раце и да започне нова кариера со нов живот.

Во февруари, таа победила во популарното реално шоу и станала „Кралица на џунглата“, патем заканувајќи му се на својот поранешен сопруг дека ќе го „уништи“ на суд затоа што не плаќал редовно алиментација. А фотографирањето за Плејбој е чекор понатаму, и тоа од седум милји, изјавија многумина. Но, ако треба да се верува на она што го гледаме на насловната страница, таа не згрешила.

РЖМ/ИС

ФОТО: ЕПА/Инстаграм

Advertisement