Психолозите велат: Ако маж ви ги праќа овие шест пораки – интересот му паѓа

News

Допишувањето не се само зборови – туку јасен показател колку некој се труди околу вас. Психолозите велат дека падот на интерес кај мажите најчесто прво се гледа во чатот. Ако често ги добивате овие пораки, голема е веројатноста да се лади:

1. „Хеј…“ (или една празна реченица)
Кратки, безидејни пораки без прашање, без иницијатива. Нема вложен труд, целата тежина да одржувате разговор паѓа на вас.

2. „К“ или „ОК“
Одговори што само покажуваат дека ја видел пораката, ама не сака да продолжи. Никаква љубопитност, никакво вклучување.

3. „Зафатен сум“ – нон-стоп
Сите сме зафатени, ама кога ова му е стандардна порака, а ретко кога сам пишува или предлага контакт – едноставно не сте му приоритет.

4. „Ако сакаш“
Наизглед фино, но кога постојано ја префрла одлуката на вас и никогаш ништо не предлага, тоа значи дека не е емотивно вклучен.

5. „Ќе ти се јавам кога ќе можам“
Превод: ќе ти пишам кога мене ми одговара. Кога некој навистина сака врска, се труди да држи контакт – не ви фрла трошки внимание кога ќе му текне.

6. „Заборавив да ти одговорам“ – секогаш
Еднаш – ОК, се случува. Постојано – знак дека не ви дава важност. Повторливото „заборавање“ значи дека не се обидува да ја одржи врската живa.

Поентата? Ако вие постојано влечете разговор, а тој одговара ладно, кратко и без иницијатива – проблемот не е во тоа што не знае да пишува, туку што веќе не се труди околу вас.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *