Жена во осмиот месец од бременоста го изгубила своето бебе откако била евакуирана од поплавената Јабланица во БиХ, пренесува Аваз. Таа е пренесена во Кантоналната болница Д-р. Сафет Мујиќ во Мостар каде е оперирана и моментално е стабилна. Јабланица е општината која беше најмногу погодена од поплавите, а во налетот на пороите беа уништени голем број семејни куќи во моментот кога мештаните беа во нив. Се претпоставува дека има и повредени, но нивниот број не е познат. Претседателката на Херцеговско-неретванската жупанија Марија Бухач најави ангажирање на сите расположливи сили за помош на Јабланица. Јабланица од синоќа е целосно затворена за сообраќај. Неколку спасувачки екипи биле испратени на местото на настанот за да се отстрани одронот и успеале да им помогнат на настраданите.

Расте ужасот во БиХ: Жена во 8-ми месец од бременоста е евакуирана од Јабланица, а потоа во болница се случила страшна трагедија
Advertisement
Advertisement
Advertisement