Тешка сообраќајна несреќа се случи пред малку на автопатот Скопје–Тетово, веднаш по наплатната рампа кај Желино, кога камион се превртел, предизвикувајќи значителен застој во сообраќајот.
Првите две ленти се блокирани, а возилата се пропуштаат само по третата лента. Дополнителен проблем се временските услови – на патот има густа магла која ја намалува видливоста.
Од надлежните апелираат до сите возачи да ја прилагодат брзината на условите, да држат соодветно растојание и да бидат исклучително внимателни додека трае увидот и расчистувањето на теренот.