Advertisement
Седуммесечно бебе синоќа починало на скопската Клиника за детски болести, неофицијално дознава „Фокус“.
Advertisement
Според нашите информации, бебето првиот пат кога било однесено на клиниката било одбиено за хоспитализација, а било примено тек после 48 часа кога органите веќе му откажувале.Сепак, тоа што претставува најголем проблем за една болница од ваков калибар е кога ќе почне да се зголемува смртноста. Факт е дека во секоја здравствена установа, без разлика дали е државна или приватна, има смртни случаи и за тоа постојат бројни причини. Лекарите не се семоќни, но, сепак, црните бројки, кога ќе пораснат, црвениот аларм мора да се вклучи.
Само во рок од месец ипол на Клиниката за детски болести починаа пет деца.
Advertisement