Пејачката Сека Алексиќ вчеравечер ја воодушеви публиката со својот настап во еден познат белградски локал, но вниманието на јавноста го привлече и со коментарите за врската со колешката Јелена Карлеуша.
Имено, Сека и Јелена долги години не комуницирале и воделе медиумска војна, но очигледно по извесно време успеале да најдат заеднички јазик и да ги закопаат секирите.
-Јелена и јас разговараме често, коментираме се‘ и сешто – призна Сека.
На прашањето на новинарката дали зборуваат за неодамнешното признание на Карлеуша дека има машко лице кон кое има чувства, Сека реши да биде криптична, а со својот одговор дополнително ја заинтригира јавноста.
– Искрено, не разговаравме за тоа, но мило ми е што е заљубена. Заљубувањето е убава работа и мило ми е – изјавила фолкерката, а пренесе Курир.
За потсетување, неодамна дојде до конфликт меѓу Сека Алексиќ и раперот Михајло Веруовиќ-Војаж, кога тој непристојно ѝ одговори на пејачката, посочувајќи дека „неговите забави се попопуларни“. Тогаш во одбрана на Сека дојде Јелена Карлеуша. Повеќе за тоа прочитајте ОВДЕ.
Фото: Youtube – screenshoot