Поранешниот готвач на покојната принцеза Дијана откри досега непознати детали за нејзиниот живот.
Лејди Ди загина на 31 август 1997 година во сообраќајна несреќа, а иако поминаа 25 години, многумина сè уште тагуваат по неа.
Меѓу нив е и поранешниот готвач Дарен Мекгрејди, кој лично и подготвувал оброци од 1993 година до нејзината смрт, а по повод нејзиниот роденден, кој би бил на 1 јули, решил да открие неколку детали од животот на принцезата. Готвачот, кој сега живее во Тексас, изјавил дека Дијана сакала да го слави роденденот скромно, без специјалитети и колачи, прослави, па најчесто ги носела пријателите на ручек.
“Принцезата Дајана никогаш навистина не сакала да слави родендени бидејќи тоа значело дека е една година постара. Така, немаше роденденски торти или специјални оброци“, рече Дарен.
Тој откри и како Лејди Ди со текот на времето го променила начинот на исхрана, отфрлајќи ги тешките сосови и јадела само здрава храна. Сепак, не можела да одолее на полнетите пиперки што ги јадела секоја недела, а најмногу сакала да ги јаде токму кај Дарен во кујната .
„Кога почнав да работам за Дијана, таа беше на чело на 119 различни добротворни организации. Одеше во теретана три пати неделно, се соочуваше со булимија, но успеа да ја надмине“, заклучил готвачот на покојната принцеза.

Секоја недела правела една иста работа: Овие детали за принцезата Дијана не сте ги знаеле
Advertisement
Advertisement
Advertisement