Следува рекордно зголемување на пензиите во Македонија

news
Advertisement

31 година СДСМ е на страната на државноста, на напредокот, на страната на државните и национални интереси. Оваа порака ја испраќаат од владејачката СДСМ во соопѓтение испратено до медиумите

Advertisement

„Од процесот на создавање независна држава, меѓународно признавање, преку кандидатски статус, решавање на споровите со соседите и реализирање на стратешката цел, членство во НАТО, па се до почетокот на преговори со ЕУ оваа година. Сето тоа се успеси на државотворната СДСМ.

„Сега пред нас повторно е сериозно тежок период, но ние сме подготвени. Со одговорен и ефикасен пристап, го зголемуваме домашното производство на струја со цел таа да биде постојано достапна за домаќинствата, стопанството и за јавните установи.
Цената на електричната енергија за домаќинствата ја субвенционираме во висина од 80 отсто и така ќе продолжиме.  Обезбедуваме струја, но и храна, во кризниот период да има доволно и постојано и за граѓаните и за стопанството.

Веќе со септемвриската плата обезбедуваме повисоки месечни примања за вработените во образованието, детската заштита, одбраната, полицијата, а следува и рекордно зголемување на пензиите на над 320.000 пензионери согласно новата методологија договорена со здруженијата на пензионерите.

Ова се само дел од мерките кои имаат за цел заштита на животниот стандард на граѓаните во време на криза.

Како одговорна партија, продолжуваме со вистинска грижа за сите во услови на најтешка економска и енергетска криза по Втората светска војна“, стои во соопштението на владејачката партија.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.