Сите ги интересира како се снаоѓа Соња која на 57 години ја роди ќерката Богдана? Сега оваа најстара мајка во Црна Гора се огласи и сите се пресреќни
Моментот кога се дозна дека жена од Црна Гора забременила на 57 години по години и години обиди – изгледало како чудо.
Соња роди здрава ќерка на која среќната двојка и го дадоа името Богдана – алудирајќи дека детето „го даде Господ“. Соња на својот фејсбук објави слика од ќерката со која нагласи дека детето наполни еден месец, а покрај сликата напиша: „Наша среќа и голем успех“.
Соња Миротиќ, жена од Црна Гора која стана мајка на 57 години, во постарите години се соочува со предизвиците на родителството, но и со големо задоволство и гордост. По 22 години обид да стане родител, Соња успеа да го оствари својот сон со помош на ин витро оплодување и донирани јајце клетки во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во Скопје. Бременоста беше ризична, со висок крвен притисок, што доведе до царски рез во 34-та недела, но бебето добро напредувало.
По игра на судбината, Миротиќ се родени на ист ден во март и посакувале и третиот член од семејството да го дополни тој датум. Недостасуваа само осум дена, но Богдана подрани и се роди на 12 март.
Иако е постара од една просечна мајка, Соња истакнува дека зрелоста и животното искуство и помогнале да се справи со предизвиците на родителството. Свесна е дека ќе има помалку време со своите деца поради нивната возраст, но е решена да им даде љубов и поддршка. Нејзината приказна ја отсликува силата на волјата и надежта, како и важноста на поддршката на партнерите и експертите во остварувањето на родителските соништа.
Соња е пример дека родителството е возможно и на постара возраст, со соодветна медицинска поддршка и волја да се надминат пречките.
А како сопругот Марко го прослави раѓањето на ќерката? “
„Ми дојдоа блиски роднини, таа вечер дојде селаните“, се сеќава Марко, чие срце е полно што се исполнил како родител и во подоцнежните години. Имено, Марко има 69 години, а тој и Соња 22 години се обидуваат да добијат дете.
„Секое здраво дете е полна куќа“, велат соседите кои ја делат радоста со брачниот пар Миротиќ.
СОНОТ СТАНА РЕАЛНОСТ: СОЊА МИРОТИЌ НА 57 ГОДИНИ СТАНА МАЈКА
ФОТО: Фејсбук