Advertisement
Владата сериозно да го разгледа и да го осуди условувањето на компаниите кои се заканија дека ќе отпуштат од 30 до 50 отсто од работниците поради зголемените трошоци кои ќе ги имале, бара Сојузот на синдикатите на Македонија.
Advertisement
Според ССМ, ваквата јавна закана ќе донесе социјален немир и ќе ја загрози веќе кревката социјална состојба на работниците
„Фирмите треба да бидат одговорни. Владата во време на корона-кризата ги помагаше бизнисите кои со парите од граѓаните се одржаа да бидат стабилни на пазарот. Бараме Владата да ги осуди и итно да преземе мерки во насока на спречување на ваквите условувања“, велат од ССМ.
Advertisement