Тешка несреќа се случи: Три лица паднаа во река, две се удавија (ВИДЕО)

news
Advertisement

Три лица паднале во реката Трнавица во Нови Пазар. Едното е спасено, а за другите двајца се трага и се претпоставува дека се удавиле, информираат српските медиуми.

Advertisement

Екипи на полицијата и спасувачи се на терен, а се претпоставува дека трагедијата се случила откако непрекинато врнело повеќе од 12 часа, па водостојот на реките што течат низ Нови Пазар е исклучително висок. пишува „Нова“. Во населбата Јерка веќе се излеа Рашка Река, а во Нови Пазар се’ уште врне дожд. Како што велат надлежните, очекуваат дополнително покачување на нивото на водата, особено поради обилните врнежи во Пештера. Критично е во Сјеница, каде што во текот на ноќта се издигна Грабовица, поради што беа поплавени бројни делови од таа општина.

Претседателот на општината Муниб Мујагиќ ја опиша ситуацијата како хаотична.

„Огромен е бројот на ранливи домаќинства, цели населби и делови од градот се под вода. Поплавени се дворовите на Техничкото училиште и Гимназијата, поради што ја прекинавме наставата“, изјави Мујагиќ за „Прва“.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.