Александар Ристески по четврти пат го фати светиот крст во Кавадарци

news
Advertisement

Александар Ристески по четврти пат го фати светиот крст положен во водите на реката Луда Мара во Кавадарци, што го дели градот на два дела.

Advertisement

Голем богојавленски водосвет денеска по повод Богојавление Водици се спроведе во водите на реката Луда Мара, во присуство на голем број на верници. Најсреќен меѓу повеќемината што се фрлија во реката по чесниот крст, беше Ристески од Прилеп, којшто живее во Кавадарци.

Ристески рече дека сите подароци што ќе му бидат доделени, ќе ги донира на момче од Прилеп, на кое му е потребна поддршка.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.