Трифонов бара да го вратат ветото и порачува дека таму каде има еден Бугарин таму е Бугарија

news
Advertisement

Претседателот на „Има таков народ“, Слави Трифунов бара Бугарија веднаш да го врати ветото на Македонија за Европската Унија(ЕУ).

Advertisement

Според него, новото Народно Собрание треба веднаш да го врати ветото.

„Собранието во Северна Македонија едногласно изгласа нов закон за фондации и здруженија. Со овој закон е исполнета целта, а тоа е да се забранат сите бугарски здруженија именувани по херои од нашата историја. Кои, патем, се и херои на нивната нешто подалечна историја. Оти ​​што е Иван Михаилов за Македонија, освен херој? Прогонот против сè што е бугарско во Северна Македонија продолжува со полна сила. И по падот на бугарското вето, тоа доби уште поголеми и грди размери. Што не е изненадување. Доколку Европската Унија сè уште се држи до човечките вредности што ги прокламира, веднаш треба да ја замрзне кандидатурата на Северна Македонија за членство во Унијата. Северна Македонија уште еднаш покажа дека не е земја достојна за унија каде што човековите права и правото на самоопределување се основни. На Бугарија ѝ е јасно што мора да направи – прво МНР да го повика на објаснување вонредниот и ополномоштен амбасадор на Северна Македонија во нашата земја. Второ, и најважно – откако ќе почне со работа, новото Народно собрание е должно да го врати ветото на Бугарија против Северна Македонија. Бугарија е таму каде што има само еден Бугарин. Но, прашањето е – дали во нашиот нов парламент има Бугари кои го разбираат ова и на кои им е грижа? Ќе видиме“, напиша Трифонов на Фејсбук.

Македонската власт и опозиција се едногласни во однос на имињата на ваквите здруженија. Клуб со спорно има се отвори во Битола, во Охрид, а има најава дека таков ќе се отвори и во Богданци.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.