СКОПЈЕ УТРЕ ЌЕ НЕМА ЈАВЕН ПРЕВОЗ ОД 4.30 ЧАСОТ

news
Advertisement

Утре јавен превоз во Скопје ќе нема од 4.30 часот. Вработените и денеска не добија плата, а како што рекоа од синдикатите на претпријатието кои присуствуваа на вонредната седница на Советот на Град Скопје, советниците и градоначалничката си тераат политика, а не разговараат за нивниот проблем.

Advertisement

„Вие може политика да терате до сабајле, но сабајле автобуси нема да има. Вам не ви е гајле, вие не се возите со јавен превоз. Овие луѓе имаат деца, гладни се, немаат пари да им дадат за ужинка на училиште. Овде не видовме никој да каже како ќе се реши проблемот и ќе добиеме плата туку нивни партиски и политички препукувања“, рекоа од синдикатите.

Советниците и градоначалничката се расправаа за „шпицниот градоначалник“, за тоа кој сакал кола и службен телефон, а ништо за тоа како суштински како да се реши проблемот и како ќе се најдат пари. Вонредната седница на Советот се одржува токму по барање на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ која бара да се пренаменат средства од буџетот за плати за вработените во ЈСП „Скопје“, а од синдикатот на вработените во ЈСП се надеваат дека на оваа седница ќе се најде решение за исплата на нивните плати.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.