Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес најави дека после години одолговлекувања, конечно почнува реализацијата на новиот Луна Парк. Според Град Скопје, стартува јавна набавка за проектирање и монтажа, со што проектот влегува во практична фаза.
Ѓорѓиевски порача дека Луна Паркот ќе се гради според највисоки европски стандарди и ќе биде „еден од најдобрите во регионот“, со содржини за сите генерации.
Во најавата се споменуваат:
-
ролеркостери и водени атракции
-
интерактивни игри и VR зони
-
панорамско тркало, пиратски брод, подморница, “среќна лулашка” и други реквизити
-
целосна пристапност за лица со попреченост
-
безбедносни системи, видео надзор и прва помош
Проектот е планиран на простор од 84.000 м², со зони за одмор, улична уметност, локации за културни настани и театар со затворена сцена.
„Скопјани конечно добиваат Луна парк што ќе биде симбол на нов почеток“, порача Ѓорѓиевски.