Ќе одговара ли кривично и Цвета Ристовска?

News

Поранешната членка на антикорупциска Цвета Ристовска заработи кривична од партијата Левица бидејќи според нив нејзината оставка не била доволна.

 

Од партијата велат дека мора да има и ревизија на предметите кои таа ги водела но и повикувајќи се на членот 359 од кривичниот законик додаваат дека спротивно на обврските од Законот за спречување корупција и судиор на интереси не го пријавила во целост имотот и компаниите на нејзините синови .

 

Коментирајќи ги предметите кои за Ристовска но и за директорот на СОЗР Ивица Томоски ги отвори ДКСК во изјавата која денска ја даде за медиумите претседателот на антикорупциска Адем Чучуљ само посочи дека заклучоците во најскоро време ќе бидат изнесени пред јавноста а предметите на Ристовска ќе бидат распределени . Наскоро рече и дека очекува дека ќе го добијат новиот антиокорупционер кој треба да седне на местото на Ристовска .

Денеска и од СДСМ реагираа дека како што велат 92 дена откако го иницирале предметот за Томовски но и другите поврзани со различни тендери ДКСК се уште не се изјаснила а велат молчат и другите институции пред кои тие поднеле и доставиле докази за коруптивните скандали и судир на интереси .

Предметот кој го отвори антикорупциска по иницијатива на СДСМ а во врска со директорот на СОЗР Ивица Томовски треба да покаже дали имало судир на интереси но и дали има или не поврзаност со компанијата Сити аутсорсинг . Томовски пак уште тогаш најави тужба против СДСМ поради јавно изнесување пред јавноста на неговиот телефонски број од партиската говорница./24.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *